свет

Кина: Од експлозија во рудник загинаа 15, повредени девет лица

- Од експлозијата до која дојде во рудник за јаглен во северниот дел на Кина загинаа 15, а повредени се девет лица

Ekipa  | 19.11.2019 - Обновена : 19.11.2019
Кина: Од експлозија во рудник загинаа 15, повредени девет лица

ПЕКИНГ

Од експлозијата до која дојде во рудник за јаглен во северниот дел на Кина загинаа 15, а повредени се девет лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Експлозијата се случила синоќа во рудник со кој управува локалната групација Фенг Јан од Шанси, покраина во округот Пингјао.

Соопштено е дека 11 рудари поминале без повреди и дека е во тек истрагата за причината за несреќата. Рудникот минатата година беше наведен како еден од оние кои не спровеле обука за работниците.

До експлозиите во рудниците обично доаѓа поради присуството на метан, исто така познат и како јагленов гас, и недостаток на адекватно проветрување. Во услови на висока концентрација, доволна е искра, отворен пламен или електрична опрема за да дојде до експлозија.

Ваквото сценарио ја предизвика најголемата светска несреќа во рудник со смртни последици во Бенси, во североисточниот дел на кинеската покраина Лиаонинг во 1942 година, под јапонска воена управа. Се верува дека во оваа несреќа загинале 1.549 работници, поголемиот дел Кинези.

Кинеските рудници се меѓу најопасните за работа во светот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın