свет

Агенција Анадолија во Хонгконг, каде што продолжуваат насилните протести

Агенција Анадолија (AA) уште од првиот ден го следи процесот кој започна со мирни демонстрации против Нацрт-законот за екстрадиција

Ekipa  | 19.11.2019 - Обновена : 20.11.2019
Агенција Анадолија во Хонгконг, каде што продолжуваат насилните протести Фото: Miguel Candela Poblacion/AA

ХОНГКОНГ (АА) – Дописникот на Агенција Анадолија (AA) одблиску ги следи случувањата и судирите на протестите во Хонгконг, кинескиот специјален административен регион.

Како што јави дописникот, главните улици на градот се затворени, а на универзитетите продолжуваат судирите.

Градот Хонгконг, гигантскиот финансиски центар, е претворен во бојно поле, а останува нејасно колку долго ќе трае насилството и хаосот.

Демонстрантите не дејствуваат во рамките на одреден редослед и планирање. Тие се организираат во мали групи. Се појавуваат наеднаш од одредени области и со Молотови коктели и камења фрлаат врз безбедносните сили.

Агенција Анадолија (AA) уште од првиот ден го следи процесот кој започна со мирни демонстрации против Нацрт-законот за екстрадиција. АА викендот повторно се врати во Хонгконг, и продолжува да ги следи случувањата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın