Ekipa
26 Март 2017•Ажурирај: 27 Март 2017
ХОНГКОНГ (АА) - Кери Лам е избрана како прва жена на чело на јавната администрација во Хонг Конг, јавува Anadolu Agency (AA).
Индиректните избори за нов шеф на јавната администрација во Хонг Конг беа одржани во Саемскиот центар во Хонг Конг, а 1.194 делегати бираа меѓу три кандидати.
Покрај победничката на изборите, која е позната по своjaта блиска соработка со официјалните лица на Пекинг, во трката за шеф на владата беа Џон Tсонг и Ву Квок-Хинг.
Сегашниот шеф на владата на Хонг Конг Чеун Лунг-Линг ќе се повлече од функцијата во јуни, а 59-годишната Лам ќе го наследи како прва жена на таа позиција.