Mesut Zeyrek
26 Март 2017•Ажурирај: 26 Март 2017
ДОРТМУНД (АА) – На палестинскиот претседателот, Махмуд Абас, при посетата на Германија му беше доделена специјалната награда „Надеж за мир“, јавува Anadolu Agency (AA).
Наградата на претседателот Абас му ја додели новинарот Диетмар Осенберг, на церемонијата на доделувањето на „12. Штајгер авардс“, организирана во германскиот град Дортмунд.
На церемонијата Абас одржа говор на кој истакна дека Германија има добри односи и со Палестина и со Израел, и дека со поддршката на Германија посакува да се постигне дводржавното решение.
Претседателот Абас нагласи дека се надева оти муслиманите, христијаните и евреите на Блискиот Исток треба да живеат заедно и дека мирот треба да превладее на тие простори.
„Се трудиме што поскоро да ставиме крај на проблемите на нашите простори. Сите луѓе во светот можат да живеат во мир. Се заблагодарувам на Германија за нејзиното гостопримство. Многу сум среќен што ја добив оваа награда. Посакувам оваа награда да ни донесе среќа на патот кон мирот и надежта“, истакна Абас, нагласувајќи дека Израел ги затворил патиштата за дијалог и толеранција, и дека на незаконски начин ги проширува населените места.
На церемонијата беа доделени награди на 10 личности во категориите уметност, спорт, музика, филм.
Доделување на „12. Штајгер авардс“ традиционално се организира секоја година и освен на познати лица од Германија, оваа награда во различни категории им се доделува и на познати личности од светот.