Satuk Buğra Kutlugün
26 Март 2017•Ажурирај: 27 Март 2017
ЛОНДОН (АА) - Лондонската полиција соопшти доцна синоќа дека Калид Масуд, осомничен за нападот во британскиот парламент во Лондон, дејствувал сам, пренесува Anadolu Agency (AA).
Нил Басу, заменик-помошник комесар на лондонската полиција, изјави дека нападот траел само 82 секунди, пред Масуд да биде убиен.
„Сè уште сметаме дека Масуд дејствувал сам и засега немаме информации кои укажуваат на тоа дека се планирани нови напади“, рече Басу.
Масуд (52) роден во Кент, јужна Англија, во средата уби четири лица, а повредни околу 50 кога со автомобил влета меѓу пешаците на мостот Вестминстер. Тој е убиен од страна на полицијата откако со нож усмрти полицаец.
Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДЕАШ, нарекувајќи го напаѓачот како еден од своите „војници“.