Halit Süleyman
26 Март 2017•Ажурирај: 27 Март 2017
ХАМА (АА) - Најмалку две лица загинаа, а 30 се повредени во напад со барел бомби во кои имало хлор, изведен на здравствен центар во подрачјето на Латамна во Хама, Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот го извршил воен хеликоптер на силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Вработените во здравствениот центар за АА потврдија дека нападот во северниот дел на Хама, подрачје под контрола на сириската опозиција, е извршен со барелни бомби со хлорна содржина.
Во нападот загинал лекарот Али Дервиш, кој во тој момент се наоѓал во здравствениот центар, како и еден пациент. Хлорот погодил уште 30 лица.
Повредените лица се сместени во болница на тоа подрачје. Во бомбардирањето е уништен и здравствениот центар.