Fuat Kabakçı
03 Октомври 2017•Ажурирај: 04 Октомври 2017
ПЕКИНГ (АА) - Во Кина, керамички сад стар илјада години е продаден за сума од 250,8 милиони кинески јуани (37,7 милиони долари), јавува Anadolu Agency (AA).
На аукција организирана во Хонг Конг, од страна на аукциската куќа „Sotheby's“ (Сотби), керамичкиот сад којшто датира од периодот на династијата Сонг е продаден за 37,7 милиони долари. Садот со дијаметар од 13 сантиметри, со светла боја во нијанси на сино, беше ставен на аукција со почетна цена од 10,2 милиони евра. Садот е продаден 20 минути откако започна лицитацијата.
Претставниците на „Sotheby's“ не дадоа информации во врска со идентитетот на купувачот и истакнаа дека во светот постојат само четири садови како тој. Аукциската куќа „Sotheby's“ во април, на аукција организирана во Хонг Конг продаде овален дијамант од 59,6 карати, наречен и „Розова ѕвезда“, за цена од 71,2 милиони долари.
Почетната цена на „Розовата ѕвезда“, дијамант којшто беше ископан од страна на компанијата „De Beers“ во 1999 година, од еден рудник во Јужна Африка, беше 60 милиони долари.
Пред да биде обработен, дијамантот „Розова ѕвезда“ имаше 132,5 карати, а обработката траеше повеќе од 20 месеци.