Ayşe Aktaş
03 Октомври 2017•Ажурирај: 03 Октомври 2017
МЕКСИКО (АА) - Во сообраќајна несреќа во Мексико животот го загубија 15 лица, а 30 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Во националниот печат во земјата беа објавени вести во коишто се наведува дека на 60 километри источно од градот Гвадалахара, кој се наоѓа во сојузната држава Халиско, автобус излетал од патот поради дождот и лизгавиот терен.
Тринидад Лопез, координатор на Државната цивилна заштита, даде изјава за локалните медиуми, информирајќи дека на самото место на несреќата почнале 11 лица, додека уште четворица починале во болниците во коишто биле пренесени на лекување.
Лопез соопшти дека продолжува лекувањето на 30 повредени патници.
Единиците на државната цивилна заштита на Халиско преку социјалната мрежа „Twitter“ (Твитер) објавија фотографии од местото на несреќата. На фотографиите може да се види дека автобусот излетал од патот и се превртел.