Gökhan Kurtaran
12 Септември 2017•Ажурирај: 13 Септември 2017
ЛОНДОН (АА) - И покрај тоа што земјата се наоѓа во период на излез од Европската Унија (Брегзит), Лондон, главниот град на Велика Британија успеа да ја сочува својата титула на најголем светски финансиски центар, јавува Anadolu Agency (AA).
Според индексот З/Јен на глобалните финансиски центри (GFCI), Лондон се наоѓа на врвот од листата од 92 глобални финансиски центри, со 780 поени.
На листата на најголеми глобални финансиски центри, Њујорк со 756 поени се наоѓа на второто место, а Хонг Конг е трет, со 744 поени. Сингапур се наоѓа на четвртата позиција со 742 поени, Токио е петти со 725 поени, следува Шангај со 711 поени, додека на седмата позиција е Торонто, со 710 поени. Сиднеј е осми со 707 поени, Цирих деветти со 704, додека на десеттата позиција е Пекиинг со 703 поени.
Лондонскиот финансиски центар оваа година загуби само 2 поена, а Њујорк, поради загриженоста од измената на американската трговска политика, загуби 24 поени. Но и двата града успеаја да ги сочуваат своите позиции од претходното индексирање.
Според листата на 10 најголеми светски финансиски центри, Хонг Конг се искачи за едно место, Шангај за седум, Торонто за три, Цирих за две, а Пекинг за 6 позиции.
Меѓу 10-те најголеми финасиски центри, само Сингапур се симна за едно место, и сега се наоѓа на четвртата позиција.
На глобалната светска листа на финансиски центри, по првите 10, листата изгледа вака:
11. Франкфурт
12. Монтреал
13. Мелбурн
14. Луксембург
15. Женева
16. Сан Франциско
17. Ванкувер
18. Дубаи
19. Бостон
20. Шенџен
Истанбулскиот финансиски центар на листата на глобални финансиски центри се наоѓа на 78 место, со 617 поени.