İnci Gündağ
12 Септември 2017•Ажурирај: 13 Септември 2017
ЛОНДОН (АА) - Во Лондон, Велика Британија, започна четиридневниот Меѓународен саем за одбрана и безбедност (DSEI), а оваа година покровител е британското Министерство за одбрана, јавува Anadolu Agency (AA).
На саемот ќе бидат презентирани најновата опрема и одбранбените системи.
На DSEI 2017 има неколку клучни сектори, вклучувајќи ги воздушните, копнените, поморските и други.
Саемот, што се одржува на секои две години, е можност за развојот на меѓународните односи, но исто така и за создавање на нови можности за деловна соработка.
На саемот кој ќе трае до 15. септември ќе учествуваат претставници од 54 земји, меѓу кои и од Турција.
Турција оваа година претставува 28 компании, а и турскиот заменик-министер за одбрана Шуај Алпај го посети изложбениот простор.
„Преку учество во овој и слични саеми се стремиме да развиеме различни можности за нашите компании. Се обидуваме да пренесеме нови технологии и да бараме нова деловна соработка. Одбранбената индустрија е важен сектор на кој во моментов светот се фокусира“, рече Алпај.
Тој додаде дека Велика Британија има посебно место во одбранбената индустрија.
Интерес за еден од најголемите саеми на одбраната и безбедноста оваа година покажаа околу 36.000 учесници, а свои штандови имаат повеќе од 1.600 компании.