Yunus Kaymaz
12 Септември 2017•Ажурирај: 13 Септември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Тренерот на фудбалската репрезентација на Северна Ирска, Мајкл О’Нил е приведен во Шкотска, поради возење под дејство на алкохол. Тој пред судот ќе биде изведен на 10 октомври, јавува Anadolu Agency (AA).
Во британскиот печат се појавија информации дека во неделата, во шкотскиот град Единбург полицијата го привела 48-годишниот О’Нил. Откако е откриено дека О’Нил управува со возилото под дејство на алкохол, полицијата го привела. Во вестите се истакнува дека О’Нил на 10 октомври ќе се појави пред суд.
Репрезентацијата на С. Ирска под ракводство на Мајкл О’Нил го живее еден од своите најуспешни периоди. О’Нил ја презеде функцијата тренер на репрезентацијата на С. Ирска во 2012 година. Тој успеа со оваа репрезентација да се пласира на Европското фудбалско првенство во Франција 2016, каде што се најде меѓу првите 16 репрезентации на првенството.
Северна Ирска прикажа добра игра и во европските квалификации за Светското фудбалско првенство 2018. Во групата Ц, првопласирана е Германија со 24 поени, а на второто место се наоѓа С. Ирска, со освоени 19 поени.
Фудбалската федерација на Северна Ирска изјави дека е запознаена со ситуацијата во којашто се наоѓа Мајкл О’Нил, додавајќи дека нема да коментираат по тоа прашање.