İnci Gündağ
03 Август 2017•Ажурирај: 04 Август 2017
ЛОНДОН (АА) - Откако песот на својата девојка го научил да покажува нацистички поздрав, шкотот Марк Мичн (29) се соочи со обвинение за говор на омраза, јавува Anadolu Agency (AA).
Неговата шега во мај минатата година, преку видеото кое го сподели на социјална мрежа, не им се допадна на шкотските власти, кои дадоа налог за негово привдување. На Мичн ќе му се суди за делење на материјал кој може да создаде страв и загриженост, но може и да ја зголеми омразата.
Мичн, кој живее во шкотскиот град Ланаркшир, ги негираше обвинувањата, истакнувајќи дека не е расист, ниту поддржувач на анти-семитизмот и дека не мрази никого.
Тој појасни дека го научил песот на овој поздреав сакајќи да ја налути својата девојка. Објавеното видео на кое се гледа како песот „Буда” изведува нацистички поздрав прегледано е околу 3 милиони пати.
На видеото има делови на кои се гледа како песот на телевизија гледа и слуша говори на нацистичкиот водач Адолф Хитлер. Се очекува Мичн идната година да се појави пред судот кој ќе го води овој случај