Ekipa
03 Август 2017•Ажурирај: 03 Август 2017
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Несекојдневни случаи на кратење на коса кај жените во последно време се забележани на северот од Индија, јавува Anadolu Agency (AA).
Фантомскиот фризер предизвика паника меѓу жените, кои во полицијата пријавиле необични случувања, тврдејќи дека во нивните домови се појавува непознат маж кој, додека се во несвесна состојба, им ја крати косата.
Според нивните изјави, откако ќе се појавел непознатиот маж, ја губеле свеста, а откако ќе се разбуделе, пронаоѓање потстрижена коса на подот.
Овие инциденти им се припишуваат на бандите кои се обидуваат да ги тероризираат луѓето или да создадат масовна хистерија. Меѓутоа, фактот дека луѓето се во паника го потврдува убиството на постара жена за која селаните тврделе дека е „фантомскиот фризер”.
За период од 2 недели, во полиција се пријавени повеќе од 40 случаи на потстрижување коса.
„Ги истражуваме настаните. Ова е многу чуден случај”, изјави портпаролот на полицијата.
Тој порача дека полициските екипи работат да откријат кој стои зад овие бизарни инциденти и апелираше луѓето да не им веруваат на гласините. Првиот случај е пријавен минатиот месец, кога жена изјави дека за време на подготовката на ручекот, здогледала непознат маж пред вратата на својот дом.
Таа изјавила дека ја затворила вратата, меѓутоа, човекот се појавил во куќата, по што ја таа ја загубила свеста. Кога се разбудила, на подот пронашла коса. Психијатрот Прамод Сони рече дека ваквите случаи делувале врз жените кои поголемиот дел од своето време го минуваат во своите домови.
„Неписменоста може да биде една од причините за таквите случувања”, изјави портпаролот на полицијата.