Dildar Baykan
06 Декември 2016•Ажурирај: 07 Декември 2016
АНКАРА (АА) - При едно ископување во Шкотска, пронајден е фосил за кој се претпоставува дека му припаѓа на четириножен 'рбетник, јавува Anadolu Agency (AA).
Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „Природа, екологија и еволуција“. Се истакнува дека станува збор за пет фосили и коскени остатоци, од кои за еден сѐ уште не е утврдено дали станува збор за гуштер или саламандер, додека останатите наликуваат на фосил од крокодил.
Во списанието се истакнува дека е можно пронајдените фосили и коскените остатоци да се фосилни остатоци на предците на модерниот гуштер, птица и цицачи кои од мочуриштата преминале на копното пред 355 милиони години.
Познато е дека до пред 360 милиони години, голем број животински видови, меѓу кои и рибите, масовно изумреле. Потоа настапил периодот тетрапод (периодот на четириношците) кој траел 15 милиони години, а за него нема голем број фосилни остатоци.
Фосилни остатоци кои сведочат за овој период од 15 милиони години, претходно беа пронајдени во Канада, но станува збор за мали коскени остатоци.
Научниците претпоставуваат дека Шкотска била првата земја домаќин по која се движеле овие четириножни животни.