Ahmet Gürhan Kartal
28 Октомври 2016•Ажурирај: 30 Октомври 2016
ЛОНДОН (АА) - Високиот суд во Северна Ирска денеска донесе пресуда според која на Владата на Велика Британија нема да ѝ биде потребно одобрение од Парламентот за да започне со одлуката за излез на Велика Британија од Европската Унија, јавува Anadolu Agency (AA).
Постапката пред суд е започната врз основа на две одделни тужби, поединечни и приватни тужби на граѓаните на Северна Ирска и тужби поднесени од страна на група политичари од повеќе политички партии.
Тие започнаа постапка пред судот во август оваа година, барајќи од судот да ја разгледа намерата на Владата на Велика Британија за активирање на членот 50 од Лисабонскиот договор.