Gözde Bayar
07 Ноември 2019•Ажурирај: 08 Ноември 2019
ПЕКИНГ (АА) - Кина започна со истражувачки активности и работа на 6Г-мобилните мрежи, откако само што ја претстави 5Г-мрежата, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Претставници од релевантните министерства се собраа во главниот град Пекинг за да разговараат за 6Г-комуникациската технологија“, соопшти кинеското Министерство за наука и технологија.
Пекинг формира тим од 37 телекомуникациски експерти од универзитетите, истражувачките институти и од компаниите за да ги утврди техничките карактеристики на 6Г-мрежата.
Задачата на тимот беше да ја докаже научната изводливост на мобилната интернет-конекција за следната генерација.
Ванг Си, заменик-министер за наука и технологија, истакна дека 6Г-технологијата во моментов е во почетната фаза.
Си нагласи дека Кина мора да ѝ придаде голема важност на оваа технологија.
На 1 ноември, три кинески државни оператори понудија 5Г-безжична услуга.
Првичната 5Г-мрежа ќе биде достапна во околу 50 кинески градови, меѓу кои и Пекинг и Шангај.