İdris Okuducu
08 Ноември 2016•Ажурирај: 08 Ноември 2016
МОСУЛ (АА) - Силите на Пешмерга при Регионалната курдска самоуправа на северниот дел на Ирак (IKBY) во потполност воспоставија контрола над предградието Башика, на североисточниот дел на Мосул, јавува Anadolu Agency (AA).
Џабар Џавар, генерален секретар на Управата на силите Пешмерга, изјави дека со акцијата започната вчера, пешмергите во потполност ја ослободиле Башика од терористичката организација ДЕАШ.
Тој додаде дека во Башика, која се наоѓа на 20 километри од центарот на Мосул, има многу скриени мини и други експлозивни средства.
„Пешмергите во моментот работат на чистење на теренот од мини, и во куќите, но и во тунелите трагаат по терористите кои се кријат“, истакна Џавар.
Според него, во утринските часови биле убиени пет припадници на терористичката организација ДЕАШ, забележани во тунелите под објектите.
Новинарите на АА во Башика јавуваат дека на некои места доаѓа до судири на милитантите кои се кријат во куќите и силите на Пешмерга. Тунелите ископани од страна на припадниците на ДЕАШ се уништени со експлозивен материјал, а испратени се и многу екипи на антидиверзантската заштита за на тоа подрачје да се отстрани опасноста од мини.
Денес во утринските часови, специјалните единици на силите пешмерги, „Зеревани“, влегоа во Башика од три страни.
Терористите на ДЕАШ, ја контролираа Башика од 3 август 2014 година.
Во непосредна близина на Башика се наоѓа воениот камп во кој турската војска врши обука на курдските сили „Гардата на Нинива“, која се состои од борци што учествваат во борбите против ДЕАШ.