Alma Çekovic
26 Јануари 2016•Ажурирај: 27 Јануари 2016
ПАРИЗ (АА) - Во Париз, денеска, се евакуирани шест престижни средни училишта по анонимна дојава дека во нив има бомба, соопшти француската полиција.
Училиштата утринава добија речиси идентични повици од анонимни луѓе помеѓу 10:20 и 11:20 часот, се вели во полициското соопштение, пренесува Anadolu Agency (AA).
Учениците од училиштата Карло Велики, Фенелон, Монтењ, Кондорсе, Анри IV и Луј Ле Гранд, кои се наоѓат во познатите луксузни населби во Париз, беа евакуирани на безбедно место додека полицијата спроведува истрага.
Како што беше истакнато од страна на париската полиција, властите досега пронашле сомнителен предмет, станува збор за една училишна торба.
Во Франција останува на сила тримесечната вонредна состојба прогласена на 13-ти ноември, кога во серија терористички напади загинаа 130 лица.