свет

Чавушоглу се состана со неговиот американски колега Помпео

„Со министерот за надворешни работи на САД, Мајк Помпео, разговаравме за односите меѓу Турција и САД, како и за Либиската конференција. Во контакт сме со сите актери за постојано примирје и враќање на политичкиот процес во Либија“, напиша Чавушоглу

Nazlı Yüzbaşıoğlu  | 19.01.2020 - Обновена : 20.01.2020
Чавушоглу се состана со неговиот американски колега Помпео

БЕРЛИН/АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, се состана со шефот на американската дипломатија, Мајк Помпео, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Двајцата министри се состанаа во германскиот главен град Берлин, во рамки на Конференцијата за Либија која ќе се одржи денеска во овој град.

„Со министерот за надворешни работи на САД, Мајк Помпео, разговаравме за односите меѓу Турција и САД, како и за Либиската конференција. Во контакт сме со сите актери за постојано примирје и враќање на политичкиот процес во Либија“, напиша Чавушоглу на социјалната мрежа Твитер.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.