Haydar Karaalp
19 Јануари 2020•Ажурирај: 20 Јануари 2020
БАГДАД (AA) - Демонстрантите на антивладините протести во Багдад и во градовите на југот на Ирак палеа автомобилски гуми и блокираа сообраќајници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Група демонстранти се собраа на плоштадот „Тајаран“, недалеку од Тахрир, во Багдад, и запалија гуми со што го блокираа одвивањето на сообраќајот.
Припадниците на безбедносните сили користеа солзавец против демонстрантите.
Слични нереди избија и во Најаф, Кербели, Васит и Насирија, на југот на земјата.
Демонстрантите порачаа дека ќе преземат радикални мерки доколку нивните барања не бидат исполнети до понеделник.
Демонстрантите бараат независно лице да формира технократска влада, распишување предвремени избори и судење на одговорните за убивањето на демонстрантите.