İsmail Hakkı Demir,Ersoy Sevinç
23 Мај 2016•Ажурирај: 23 Мај 2016
КАХРАМАНМАРАШ (АА) - Во истрагата за терористичката организација Фетулахчи/Паралелни државни структури (ФЕТО/ПДЈ) која се врши во четири турски градови, утринава приведени се 32 лица, меѓу кои и поранешниот градоначалник на Кахраманмараш, Мустафа Појраз, јавува Anadolu Agency (AA).
Турското правосудство врши низа истраги поврзани со активностите на организацијата на која во Турција и се припишуваат бројни кривични дела, вклучувајќи го и обидот за државен удар.
Една од тие истраги се врши во Кахрамнмараш а покрената е против 62 осомничени лица, од кои 32 утринава се лишени од слобода.
Меѓу приведените се наоѓа и претседателот на Здружението на претприемачи КАЛИДА, Осман Гемџи, и неколку претприемачи и лидери на невладини здруженија.
Полициската акција на припадниците на Одделот за организиран криминал по налог на државното обвинителство утринава е извршена во Кахраманмараш, Истанбул и Адана, а притоа извршен е и претрес на бројни адреси.
Приведените се обвинети за членство во терористичка организација, соучество во активностите на организациите, перење на пари, фасификување документи, заговор, даночно притајување и други кривични дела.
За време на операцијата утринава во Кахраманмараш извршени се претреси во вкупно 25 образовни институции и запленети се повеќе компјутери. Со прелиминарната истрага е утврдено дека сите компјутери биле често форматирани, со цел да се прикријат трагите и доказите за криминални активности.