Zafer Fatih Beyaz
22 Јуни 2016•Ажурирај: 23 Јуни 2016
АНКАРА (AA) – Обвинителството во Анкара покрена ново обвинение против 12 членови на терористичката организација Фетулаџи/Паралелната државна структура (ФЕТО/ПДЈ) во која осомничените се теретат дека со злоупотреба на религиски и националните чувства на различни начини собирале пари и ги давале на фирмите, здруженијата и институциите кои работеле за ФЕТО/ПДЈ, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинение, кое содржи и опис на начинот на осовањето, целите и домашната и странската структура на движењето ФЕТО/ПДЈ, подготви обвинителот Велихатин Елдемир од одделот за Кривични дела кои се однесуваат на нарушување на уставниот поредиок, а предадено е на процесуирање на 4. Кривичен суд во Анкара.
Во делот на обвинението во кое се зборува за структурата на организацијата се наведува дека Фетулах Ѓулен на чело со ФЕТО/ПДЈ дека станува збор за организација која имала значително посилна хиреархиска структура од другите илегални групи и движења.
Укажувајќи на прецизни советодавни и извршни органи и собрание подредено на Ѓулен, во обвинението се наведува дека членството на организацијата ФЕТО/ПДЈ хиреархиски е уредено и дека таа хиреархија се протега од членови на заедници и ученици, преку локални, градски, регионални лидери, па се до главни лидери задолжени за координација на глобално ниво.
Во обвинението се наведува дека раководството на организацијата ФЕТО/ПДЈ посебно води грижа да спречи било какви поделби, различни мислења и расправи околу дадени наредби и дека во тој контекст често ја користат стратегијата на склопување бракови помеѓу членовите кои се во членство на организацијата.
Обвинителството исто така во обвинението наведува дека во членството на организацијата е наредено да не изнесуваат јавно свои ставови и мислења за политички и други глобални прашања кои не се однесуваат на самата организација ФЕТО/ПДЈ.
Членовите кои покажуваат непокорност, противречност или одбиваат да извршат наредби се казнуваат со методот „шлаканица на милосрдието" која зависно од степенот на покажаната непослушност, вклучува различни видови притисоци и санкции.
„Постојат многу примери кога организцијата ги користеше своите ресурси и сила за да покренува завери, клевети и правни и институционални процеси против членовите кои ќе ја напуштат организацијата и против сите кои работат против организацијата", се наведува во обвинението.
Во обвинението исто така се наведува дека организацијата ФЕТО/ПДЈ и ги наградува вредните и послушните членови и сите оние кои и помагаат на организацијата, а дека најголем степен на наградата е носење на тие лица во САД и организирање на средба со лидерот на организацијата Фетулах Ѓулен. Со посредство на инфилтрирано членство во државен апарат, организацијата на „послушните" бизнисмени им мести тендери, а на службениците им овозможува напредување во службата.
Во текот на истражното испитување, сведок Х.П. рече дека 2009 година апицирал за добивање на туристичка виза за посета на Америка, но дека амбасадата на САД не му одобрила виза. Истото лице две години покасно доби повик во име на „џематот“ да оди во посета на САД и со помош на Здружение на активни стопанственици во рок од 15 минути доби виза.
Обвинителството исто така наведува дека членовите на ФЕТО/ПДЈ кои ќе добијат позиции во важни јавни институции полагаат заклетва на свети и важни работи и дека се заколнуваат дека целиот живот ќе бидат верни и послушни на лидерот Ѓулен.
ФЕТО/ПДЈ активно ги користи социјалните мрежи за да праќа пораки и да ги осигури силните врски помеѓу членството на организацијата.
„На пример, лидерот на организацијата Фетулах Ѓулен, изјави дека го сонувал Пророкот и дека добил наредба да се дуплира бројот на Твитови, а пота на членството му е наредено да отворат по десет профили и да го дуплираат бројот на дневните објави на таа социјална мрежа", се наведува во обвинението.
Од обвинението понатаму предупредуваат дека ФЕТО/ПДЈ има голема економска моќ, а покрај тоа и инфилтрирано членство во важни јавни институции кое го користи за остваување на целите.
Фетулах Ѓулен, кој од 1999 година престојува во САД, лидер на терористичката организација за која повеќе државни институции беа врзани "паралелни структури" кои со злоупотреба на положбата се обидуваа да предизвикаат дестабилизација во Турција и да извршат државен удар.
Во врска со таа организација во Турција се води низа судски процеси во кои се покренати обвиненија за прислушкување, злоупотреба на положбата и овластување, обид за државен удар и други кривични дела. Полициските операции против организацијата на Ѓулен во Турција се покренати во 2014 година и до сега се приведени повеќе од 4.000 лица.