Cihan Demirci
22 Јуни 2016•Ажурирај: 23 Јуни 2016
ЕДРИНЕ (AA) – Во текот н археолошкото истражување во западниот турски град Едрине пронајден е скелет од римскиот период, јавува Anadolu Agency (AA).
Археолозите во текот на ископувањето на плоштадот пред џамијата Селимије во Едрине, која е на листата на УНЕСКО за заштита на културното наследство, го пронајдоа скелетот за кој се претпоставува дека е од периодот на Римското царство.
Скелетот е ископан и пратен на Универзитетот Тракија во Едрине, каде ќе биде востановена староста, времето на смртта, но и други податоци.
За сега се претпоставува дека се работи за скелет од период помеѓу петтиот и шестиот век пред новата ера.
Во овој регион претходно се пронаоѓани скелети од спомнатиот период.