Zülfiya Yakup
20 Ноември 2019•Ажурирај: 20 Ноември 2019
ПРИШТИНА (AA) - Специјалното обвинителство на Косово порекна обвинение пред Основниот суд во Приштина против обвинетиот Ф.ЛИ. поради кривично дело „поттикнување на извршување терористички акции", пренесува Агенција Анадолија.
Специјалното обвинителство соопшти дека Ф.ЛИ. поттикнувал на извршување терористички дела така што од 2018 до 24. април 2019 година, преку социјалната мрежа Фејсбук изразил радување и ги поддржал неодамнешните терористички напади кои се случија во црквите и хотелите во Шри Ланка, каде најмалку 139 луѓе го загубија животот, вклучувајќи 45 деца.
„Обвинетиот објавил и видео снимки, фотографии и пишани коментари во кои изразува отворена поддршка и наклонетост кон терористичката организација ДЕАШ, преку кои ширел омраза кон други членови на заедницата", наведено е во соопштението од Специјалното обвинителство на Косово.
Се додадва дека обвинетиот Ф.ЛИ. со таквите активности извршил кривично дело „поттикнување за извршување терористички акции" од членот 134 од Кривичниот законик на Република Косово.