Kemal Zorlak
21 Ноември 2019•Ажурирај: 21 Ноември 2019
ЗАГРЕБ (AA) - Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ по состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека за Хрватска е посебно важно пред состанокот на членките на Унијата и државите на Југоисточна Европа во мај во Загреб, да се пронајде решение во врска со недонесувањето одлука за отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, јавува Агенција Анадолија (AA).
Во рамките на Когресот на Европската народна партија кој се одржува во Загреб од 19 до 21 ноември 2019 година, а на кој учествуваат бројни челници на европските држави и институции, претседателот на Владата на Хрватска Андреј Пленковиќ, се состана со германската канцеларка Ангела Меркел, а по состанокот зад затворени врати одржана е и заедничка конференција за новинари.
Пленковиќ истакна дека за Хрватска посебно е важно пред состанокот на членките на Унијата и државите на Југоисточна Европа, кој ќе биде одржан во мај во Загреб да се пронајде решение по недонесуањето на одлуката за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија.
„Заеднички ќе работиме и ќе ги поттикнуваме и Албанија и Северна Македонија да преземат дополнителни рефоми, а со партнерите во рамките на Унијата ќе се обидеме да најдеме решение кое ќе овозможи отворање на преговорите и евентуални модификации на самата методологија", рече Пленковиќ.
Пленковиќ информираше дека во текот на состанокот станало збор за односите помеѓу Хрватска и Германија, дека се осврнале на клучните европски теми кои се однесуваат на двете земји, со оглед дека Хрватска ќе претседава со Советот на Европската унија (ЕУ) во првите шест месеци од 2020 година, а Германија во другите шест месеци истата година.
„Германија секогаш е наша пријтелска држава и земја која нѐ поддржувала во стратешките и во меѓународните цели, наш главен надворешнотрговски партнер, една од главните земји за вложување во Хрватска, зема во која живеат бројни Хрвати и земја од ккоја секоја година ни доаѓаат голем број туристи", рече Пленковиќ.
„Нашата желба е со интензивен политички дијалог да ја унапредиме и стопанската соработка, но и во сите други подрачја", додаде хрватскиот премиер.
Додаде дека оваа можност ја искористил на германската канцеларка Меркел да ѝ ги претстави приоритетите во текот на претседавањето, а тоа се, како што рече, Европа која расте и која се развива, Еворпа која поврзува, Европа која штити и Европа која е глобално влијателна.
„Во тој контекст заеднички ќе им пристапуваме на сите европски предизвици во текот на 2020 година", рече Пленковиќ.
На прашањето да го прокоментира предлогот на Франција за промена на преговарачкиот процес за пристапување во ЕУ, Пленковиќ смета дека постоечкиот процес на проширување навистина е дизајниран на начин во него да има можност и суспензии на преговорите на одредени поглавја и реверзибилност на веќе привремено затворените поглавја.
„Самата технологија на процесот веќе денес тоа го овозможува на државите членки, доколку за тоа постои потреба или земја која сака да биде членка не ги исполнува критериумите. Ние, јас верувам, во соработка со канцеларката Меркел, ќе бараме решение кое можеби ќе ја подобри методологијата а која сепак ќе овозможи процесот да оди напред", порача Пленковиќ.