Erbil Başay,Ekip
15 Април 2016•Ажурирај: 16 Април 2016
БЕРЛИН (АА) - Владата на Германија донела одлука со која се овозможува поведувањето судски процес против хумористот Јан Бохмерман, за прочитаната песната со навредлива содржина насочена кон Претседателот Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларот на Германија, Ангела Меркел, во Берлин изјавила дека со коалиционите партнери имале различни гледишта околу започнувањето на процесот за поведувањето судски процес против хумористот Јан Бохмерман, но дека на крај одлуката ќе биде донесена и додаде: „Владата на Германија ќе даде одобрение по ова прашање“ .
Меркел исткнала дека одлуката на германската влада за судскиот процес против Бохмерман не е во спротивност со правото на слобода на мислата и слободата на печатот и дека за ова конечен збор ќе го даде судовите.
Слободата на мислата и заштитата на основните права сѐ од големо значење за Германија, изјави Меркел, додавајќи дека тоа правило важи за сите партнерски земји на Германија.
Меркел истакна дека 103-тата точка од Кривичниот законот на Германија, по која се повела Владата на Германија, за навреди кон странски владини претставници и агенции, е непотребна и дека оваа точка во овој законодавен период ќе биде отстранета.
Турција која на 31. март поднесе протестна нота на Министерството за надворешни работи на Германија, поведувајќи се на членот 103 од Кривичниот закон на Германија, за поведувањето судски процес против хумористот Бохмерман, за прочитаната песната со навредлива содржина насочена кон Претседателот Ердоган во емисијата “ZDF Neo Royal” на вториот телевизиски канал на ZDF.
Претседателот Ердоган поднел пријава против Бохмерман во Јавното обвинителство на Мајнц според 185-тата точка од Кривичното право на Германија. Во Јавното обвинителство биле поднесени и други поединечни кривични пријави кон раководителите на ZDF и Бохмерман.
Според 103-тата точка од Кивичниот закон на Германија, навреди кон странски владини претставници и агенции се казнува со казна до 3 години затвор или парична казна. Доколку природадта на оваа навреда е клевета, тогаш може да се додели казна до 5 години затвор.