Sibel Kurtoğlu
15 Април 2016•Ажурирај: 16 Април 2016
ИСТАНБУЛ (AA) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека муслиманите нема да успеат да ги надминат своите проблеми и потешкотии се додека не успеат да бидат единствени во своите различности, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган во своето обраќање на вториот и последниот ден од Самитот на шефофите на државите н Организацијата за исламска соработка се осврна на проблемите во исламскиот свет и на тоа што е потребно тие да бидат надминати.
“Исламскиот самит го организиравме под слоганот ‘со заедништво и солидарност за правда и мир.' Без заедништво и солидардност невозможно е да изградиме правда и мир. Нашето разбирање на единството мораме да го формираме на принципот ‘единство во мнозинство’. Се додека не успееме да бидеме единствени со нашите различности, како муслимани нема да успееме да ги надминеме нашите потешкотии", рече Ердоган и додаде:
“За жалење е фактот наследниците на цивилизацијата која се темелеше на мирот и правдата денес да ја спомнуваат во контекст на граѓанските војни, воорушени секташки судири и тероризам. Ако внимателно надгледуваме, кои се денес нашите три најголеми проблеми? Тоа се секташтвото, расизмот и тероризмот".
Рече дека овие три проблеми сериозно го слабеат исламскиот свет и претставуваат причина за пролевање на крвта.
“Кога се во прашање сектите, ние не сме ниту од шиитската ниту од сунитската вера, тоа е нешто сосема друго. Нашата единствена вера е исламот. Јас сум муслиман. Ова другото може да биде некој пат и тоа ќе го почитуваме, но нема да дозволиме да се прави расправа околу исламот. Нема да бараме нови патишта ниту да имаме улога во предизвикување конфузија" , рече Ердоган.
Истакна дека сите земји членки на ОИС постигнаа договор и дека ќе се борат против сите терористички оганизации и злосторнички мрежи кои го искористуваат исламот. Ердоган исто така изрази задоволство бидејќи позитивно е прифатена иницијативата на Република Турција за основање на Центар за полициска соработка и координација.
“За да ставиме крај на исламофобијата, притисокот, насилството и другите негативности кои се чувствуваат во регионите каде муслиманите се малцинство, неопходно е исламските земји да прават заеднички чекои", порача Ердоган.
Ердоган исто така рече дека исламските земји обединети треба да се борат против насилството над муслиманските малцинства во светот и повика на формирање на заедничка Црвена полумесечина кој би ги сочинувал сите 56 земји членки на ОИС.