Fatma Bülbül
16 Април 2016•Ажурирај: 16 Април 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер Ахмет Давутоглу, за време на состанокот со иранскиот претседател Хасан Рухани во Анкара, ја истакна потребата од борбата против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
Според изворите на главниот кабинет, состанокот помеѓу Давутоглу и Рухани е одржан зад затворени врати и траел околу 2 часа.
Двата лидери дискутираа за билатералните односи, регионални проблеми и 13-от Самит на Организација на исламска соработка во Истанбул кој заврши вчера.
Изворите велат дека Давутоглу го истакнал решението за борба на Турција против ПКК, ПЈД, ДАЕШ И ПЈАК - огранок на курдската работничка партија ПКК во Иран.
Роухани рече дека ДАЕШ, ПКК и нивните екстензии се заеднички непријатели за Турција и Иран.
ПКК - е наведена како терористичка организација од страна на Турција, САД и ЕУ - ја продолжи својата 30 годишна вооружена кампања против Турската држава во jули.
Изворите велат дека турскиот премиер и иранскиот претседател зборувале за регионалните проблеми особено за решавање на Сириската криза.
Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал - Асад презеде мерки со неочекувана свирепост на про-демократските протести. Оттогаш, според ОН, повеќе од 250,000 лица се убиени а над 10 милиони лица раселени.
Давутоглу и Роухани исто така се сгласија на подобрување на економската соработка помеѓу двете земји.