Ilkay Guder
16 Април 2016•Ажурирај: 17 Април 2016
АНКАРА (АА) - Претседателите на Турција и Иран, Реџеп Таип Ердоган и Хасан Рохани, одржаа по нивната средба одржаа заедничка прес конференција, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција и Иран се битни земји на глобално и регионално ниво, како и дека е потребно заедничко делување на двете земји во спречување на тероризмот и верската поделба.
„Турција и Иран се битни земји на глобално и регионално ниво. За нашиот регион, кој веќе е потресен од тероризмот и верската поделба, и имаме појава на хуманитарни кризи, потребно е наше заедничко делување за да не дојде до негово проширување. Услов е првенствено да им се даде предност на проектите со кои ќе се прекинат крвопролевањата и кризите во нашите земји, особено во Сирија и Иран", изјави турскиот претседател Ердоган.
Иранскиот претседател истакна дека е потребно минимизирање на разликите во мислењата за зајакнување на полтичкиот дијалог и постигнување на заеднички придобивки, што е во корист на двете земји.
„Потребно е минимизирање на разликите во мислењата за зајакнување на политичкиот дијалог меѓу нас и постигнувањето на заеднички придобивки, што пред се е во корист за нашите земји. До колку така се однесуваме, верувам дека за проблемите во регионов, нема да имаме потреба однадвор, туку ние одвнатре, самите во најкраток можен рок ќе изнајдеме решенија. Како две битни земји од регинов, свесни сме за големата одговорност што паѓа врз нас", изјави Рохани.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денес свечено го дочека иранскиот претседател Хасан Рухани со официјална церемонија во Претседателската палата во Анкара.