Yusuf İzzettin Çelebi
31 Мај 2016•Ажурирај: 01 Јуни 2016
АНКАРА (AA) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел изрази загриженост поради најавеното гласање на резолуцијата во германскиот парламент во врска со настаните од 1915 година, кое е најавено за четврток, 2 јуни, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот претседател потсети на чувствителноста на ова прашање и во разговорот со канцеларката Меркел посочи дека во врска со најавената резолуција и нејзиното евентуално усвојување треба да постапува во склад со здравиот разум.
Претходно и турскиот премиер Бинали Јилдирим повика на здрав разум и внимателно постапување во врска со ова прашање.