Agim Sulaj
27 Јануари 2021•Ажурирај: 27 Јануари 2021
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 8 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 1.479, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 301 нов случај на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 58.988.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 2.325 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 225.830 тестирање.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 51.518 лица. Во моментов во земјата има 5.991 активен случај.