Agim Sulaj
20 Септември 2021•Ажурирај: 21 Септември 2021
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 6 лица, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 2.905, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 48 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 159.155.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија и во приватните лаборатории се направени 2.319 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 1.159.541 тестирање.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 147.347 лица. Во моментов во земјата има 8.903 активни случаи.
Во Косово досега се аплицирани 1.176.154 дози од вакцините против Ковид-19.