Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Вчера се аплицирани над 12.000 вакцини против Ковид-19

- Во државата вкупно се аплицирани 1.465.229 дози вакцини, а ревакцинирани се 690.806 граѓани.

Furkan Abdula  | 21.09.2021 - Обновена : 22.09.2021
Северна Македонија: Вчера се аплицирани над 12.000 вакцини против Ковид-19

СКОПЈЕ

Во Северна Македонија вчера се аплицирани над 12.000 вакцини против новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на Министерството за здравство на земјата, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

„На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 774.422 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.955 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.062 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.465.229 дози вакцини, а ревакцинирани се 690.806 граѓани“, се вели во соопштението.

„Со последните бројки 55 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31 отсто од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“, се наведува во ова соопштение.

Се истакнува дека граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.

„Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата“, се додава во соопштението на Министерството за здравство на Северна Македонија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.