Umur Koçak Semiz,Ekip
28 Јуни 2017•Ажурирај: 29 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Научниците развија таканаречена лента што лесно се лепи и овозможува вакцината за грип да се инјектира во човечкото тело со помош на микроскопски игли, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според студијата објавена во списанието „Lancet“ (Лансет), оваа лента е развиена особено за тие кои се плашат од игла, и ќе овозможи голем број лица да примат вакцина за грип.
„На оваа лента се наоѓаат микроскопски игли. Тие ја инјектираат вакцината во човечкото тело со отворање мали дупчиња, без болка“, истакна раководителот на истражувањето, проф. д-р Марк Праусниц, од Институтот за технологија во Џорџија.
„Благодарение на оваа лента можете да примите вакцина за грип дома или на работното место, без да има потреба да одите во некоја здравствена установа“, вели д-р Надин Руфаел, од Универзитетот Емори.
Лентата е испробана од страна на 100 волонтери и го помина тестот за безбедност.
Во споредба со другите вакцини, лентата не е потребно да се чува во ладилник.
Истражувачите соопштија дека се работи на тоа оваа лента да се користи и за други вакцини.
Лентата создаде еуфорија во светот на науката, таа може лесно да се користи и да се чува. Според соопштеното, лентата за вакцина ќе игра значајна улога, особено во неразвиените земји, или во земјите во развој, за спречување на болестите кои можат да бидат спречени со вакцина.