Afra Aksoy
28 Јули 2019•Ажурирај: 29 Јули 2019
САНА
„Во Јемен против исип и рубеола се вакцинирани 11,9 милиони деца“, соопшти Фондот на Обединетите народи за деца (UNICEF), јавува Anadolu Agency (AA).
Кабинетот на ОН во Јемен соопшти дека 11,9 милиони деца на возраст од шест месеци до 15 години се вакцинирани во рамките на кампањата спроведена од јануари до јуни.
Во Јемен, каде што политичката нестабилност владее веќе долго време, се случуваат судири меѓу Хусите и владините сили.
Од септември 2014 година, Хусите ја контролираат Сана, главниот град на Јемен, и некои региони. Коалициските сили предводени од Саудиска Арабија, од март 2015 година ѝ даваат поддршка на јеменската Влада во борбата против Хусите.
Лошите санитари услови во земјата и недостатокот на здравствени установи го зголемуваат ризикот од ширење на заразни болести.