Ekipa
28 Јули 2019•Ажурирај: 29 Јули 2019
МОСКВА
„Најистакнатиот руски опозиционерски политичар, Алексеј Навални, е хоспитализиран во текот на престојот во притвор поради тешка алергиска реакција“, изјави портпаролката на руската опозиција, Кира Јармуш, пренесува Anadolu Agency (AA).
Навални, кој поради повик до граѓаните да излезат на протести во средата беше осуден на 30 дена затвор, префрлен е во болницата на московскиот Центар за притвор.
Јармуш тврди дека Навални, кој порано немал никаква алергија, стигнал во болница со тешки изгореници на лицето и исип на кожата.
Навални претходно ги повика граѓаните на антивладини протести во саботата, со барање на опозициските кандидати да им се овозможи да се кандидираат за Градскиот совет на изборите закажани за 8 септември.
Групата која ги следи полициските приведувања во Русија соопшти дека до денес наутро, на саботните протести на опозицијата во Москва се приведени речиси 1.400 лица, што се најмасовните приведувања во руската престолнина во последните 10 години.