Mohamed Sabry Emam Muhammed
28 Јули 2019•Ажурирај: 29 Јули 2019
ТЕХЕРАН
„Иран повторно ќе ги започне активностите во нуклеарниот реактор Арак“, изјави Али Акбар Салехи, челникот на државната Организација за атомска енергија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Непријателите на Иран знаат дека имаме знаење и способност да произведеме нуклеарна енергија, но ние не сакаме да произведуваме нуклеарно оружје“, изјави Салехи, пренесува иранската новинска агенција ИСНА.
Тешката вода може да се користи во реакторите за производство на плутониум, гориво кое се користи за нуклеарните боеви глави.
Тензиите во односите меѓу Иран и Западот се во пораст уште од мај минатата година кога Соединетите Американски Држави унилатерално се повлекоа од меѓународниот Договор за иранската нуклеарна програма.
Како одговор на тоа, Техеран минатиот месец најави дека нема да ги почитува обврските преземени со договорот, односни дека ќе го продолжи проектот за збогатување со ураниум и над границите кои се договорени со договорот.