Ömer Koparan
28 Јули 2019•Ажурирај: 30 Јули 2019
АФРИН
Во северниот дел на Сирија, во Африн експлодираше бомба која усмрти еден цивил, а 16 цивили се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Во центарот на Африн експлодираше бомба поставена на мотоцикл на простор со голема концентрација на цивили.
Експлозијата усмрти еден цивил, а рани 16. Ранетите се префрлени во болница.
Локалните безбедносни сили кои пристигнаа на местото на несреќата презедоа безбедносни мерки во околината. Екипите на Цивилната заштита (Бели шлемови) се справија со пожарот што избувна по експлозијата.
Претставниците на локалните безбедносни сили сметаат дека нападот е изведен од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
На 11 јули во центарот на Африн експлодираше бомба поставена на цистерна со гориво. Во експлозијата животот го загубија 8 цивили, а 35 цивили беа ранети.