свет, Коронавирус

Трамп: „До април ќе има вакцина за сите Американци“

„Стотици милиони дози ќе бидат достапни секој месец и очекуваме да имаме доволно вакцини за секој Американец до април, и повторно велам дури и во подоцнежната фаза, дистрибуирањето ќе се одвива брзо“

Servet Günerigök  | 19.09.2020 - Обновена : 20.09.2020
Трамп: „До април ќе има вакцина за сите Американци“

ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) ќе произведат најмалку 100 милиони дози од вакцината против коронавирусот пред крајот на годината и ќе биде достапна за сите Американци до април, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Агенција Анадолија (АА).

Трамп истакна дека неговата администрација ќе ја достави вакцината до американскиот народ веднаш откако таа ќе биде одобрена, и дека нејзиното дистрибуирање ќе започне во рок од 24 часа по одобрувањето.

„Стотици милиони дози ќе бидат достапни секој месец и очекуваме да имаме доволно вакцини за секој Американец до април, и повторно велам дури и во подоцнежната фаза, дистрибуирањето ќе се одвива брзо“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.

Овие изјави на Трамп се контрадикторни со изјавите на директорот на Центарот за контрола и превенција на болести, Роберт Редфилд, кој сведочеше на сослушувањето на Поткомитетот за одобрувања при Сенатот, пред два дена.

Редфилд рече дека можно е вакцината да биде достапна во ноември или декември, но дека нема да е широко достапна до вториот или третиот квартал од 2021 година.

Претседателот Трамп рече дека огромни количини од вакцината ќе бидат доставувани преку американската Армија.

Трамп во средата изјави дека САД можат да започнат со дистрибуирање на вакцина во средината на октомври, оспорувајќи ги изјавите на Редфилд дека маските можат подобро да заштитат од вирусот отколку вакцина.

„Мислам дека направи грешка кога го рече тоа. Тоа се само неточни информации“, рече Трамп.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın