Süleyman Elçin,Ali Rıza Akkır
28 Март 2021•Ажурирај: 29 Март 2021
АНТАЛИЈА (АА) - Во туристичките центри во Анталија и Мугла во Турција завладеа тишина поради полицискиот час што е на сила во рамките на мерките воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бидејќи локалното население треба да го помине денот во своите домови, на плажите може да се видат само мал број туристи, за кои овие мерки не важат.
Денес во Анталија измерени се 19 Целзиусови степени, и доколку немаше ограничувања, плажите и шеталиштата веќе ќе беа полни со луѓе. Меѓутоа, сега на плажите и патиштата може да се видат само туристи.
Тивко е и на познатите плажи и плоштади во Мугла, Мармарис и во Бодрум.