İsa Toprak
02 Ноември 2020•Ажурирај: 03 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за одбрана на Турција соопшти дека се неутрализирани 9 терористи на ПКК/ЈПГ во обид да се инфилтрираат и да нападнат во подрачјата на операциите „Извор на мирот“ и „Штитот на Еуфрат“ во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Единиците на командоси неутрализираа 9 терористи на ПКК/ЈПГ, од кои 7 во подрачјето на „Извор на мирот“ и 2 во подрачјето на „Штитот на Еуфрат“, во обид да се инфилтрираат во тоа подрачје со цел да ги нарушат мирот и безбедноста“, соопшти турското Министерство.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.