Abidin Mutlu Bozdağ
02 Ноември 2020•Ажурирај: 04 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - „Туркиш карго“ (Turkish Cargo), брендот за воздушен карго на „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines), е избран за најдобар бренд за воздушен карго во Европа на доделувањето на наградите „AirCargo News 2020“. „Туркиш карго“ ја доби наградата „Best Cargo Airline – Europe“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата на турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines) се истакнува дека доделени се награди во 12 гранки и дека поради пандемијата, доделувањето на наградите за прв пат е организирано на дигитална платформа.
Наведувајќи дека победниците се утврдени врз основа на критериуми како што се квалитет, иновација, ефикасност, брзина, сигурност и визија, Улкер Ајчи, претседателот на Управниот одбор на „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines), рече:
„Нашиот бренд Туркиш карго, кој е награден за најдобар бренд за воздушен карго во Европа, постигнувајќи одржлив успех со својата работа низ целиот свет продолжува да биде гордост на нашата земја. И покрај кризата од пандемијата во светот, Туркиш карго, користејќи ги новите технологии и иновации, продолжува со своите успеси. Еден од важните примери за овие пристапи ќе биде „SmartIST“ на аеродромот во Истанбул, еден од најголемите и најмодерните објекти за воздушен товар во светот. Тука ќе се користат технологии како што се беспилотни летала, роботска автоматизација и оптимизација. Со паметната технологија нашиот бренд ќе постигне уште поголеми успеси.“
„Туркиш карго“, брендот за воздушен карго со најбрз раст, продолжи со работа и во периодот на пандемијата. Доставуваше храна, лекови, маски и медицинска опрема до целиот свет.
Имајќи ја најголемата мрежа на директни карго авиони во светот, „Туркиш карго“ стигнува на повеќе од 300 дестинации, од кои 95 се директни карго летови. „Туркиш карго“ продолжува да обезбедува услуги 24/7 на своите клиенти со својата глобална мрежа.
„Туркиш карго“, најдобриот бренд во Европа за воздушен карго, има за цел да биде меѓу 5-те најдобри брендови за воздушен карго во светот до 2023 година.