Sena Güler
02 Ноември 2020•Ажурирај: 02 Ноември 2020
ИЗМИР (АА) - Повредено тригодишно девојче е спасено денес од урнатините предизвикани од силниот земјотрес што го погоди турскиот егејски брег, јавува Агенција Анадолија (АА).
Девојчето по име Елиф Перинчек беше извадена од урнатините речиси 65 часа по земјотресот во подрачјето Бајракли во западната област Измир.
Елиф е 106. лице кое е спасено од урнатините и однесено во болница.
Шефот на Управата за вонредни ситуации при Министерството за внатрешни работи на Турција (АФАД), Мехмет Ѓулуоглу, изрази задоволство поради спасувањето на малото девојче.
Мајката на Елиф, Сехер Дерели Перинчек, нејзините 10-годишни братче и сестричка близнаци Езел и Елзем Перинчек, како и нејзиното седумгодишно братче Умут Перинчек, беа спасени од урнатините 23 часа по земјотресот. Сепак, Умут го загуби својот живот, додека нејзината мајка и братчето и сестричката се наоѓаат на лекување.
Турција е меѓу најактивните сеизмички зони во светот бидејќи се наоѓа на неколку активни линии на раседи. И во минатото претрпе разорни земјотреси.