Турција

Ердоган: Влегуваме во ера во која веројатно ќе дојде до радикални промени во глобалниот поредок

Турскиот претседател го соопшти пакетот помош во вредност од 15,4 милијарди долари за намалување на економските последици од коронавирусот

Tuba Şahin  | 18.03.2020 - Обновена : 19.03.2020
Ердоган: Влегуваме во ера во која веројатно ќе дојде до радикални промени во глобалниот поредок

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес го соопшти пакетот помош во вредност од 100 милијарди турски лири (15,4 милијарди долари) за намалување на економските последици од коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган го објави пакетот, кој вклучува одложување на исплатата на долговите и намалување на даноците во различни сектори, по консултацискиот состанок за мерките за борба против пандемијата во палатата Чанкаја во Анкара.

„Влегуваме во нова ера во која веројатно ќе дојде до радикални промени во глобалниот, економскиот, политичкиот и општествениот поредок“, рече турскиот претседател.

Тој соопшти дека данокот на додадена вредност на домашните летови на авиокомпаниите ќе се намали на 1 отсто од 18 отсто за период од три месеци.

Исто така, премиите за социјално осигурување и пресметувањето на ДДВ се суспендирани за шест месеци за различни сектори, меѓу кои и малопродажбата, трговските центри, индустријата за железо-челик, автоматиката, логистиката и текстилот, додаде тој.

Нагласи дека ќе се одложат кредитните плаќања за 3 месеци на фирми чија работа е погодена од коронавирусот, и ќе се обезбеди дополнителна поддршка.

„Ќе обезбедиме дополнителна поддршка на тие компании кога ќе биде потребно“, рече турскиот претседател.

Со цел да се задржат стапките на искористеност на капацитетите, властите одлучија да ја прошират финансиската поддршка на залихите за извозниците.

Земјата исто така го удвои лимитот за кредитна гаранција на 50 милијарди турски лири (7,7 милијарди долари), што е пораст од 25-те милијарди лири (3,35 милијарди долари).

Тој ги повика работодавците да промовираат флексибилни модели за работа од далечина за да се спречи ширењето на вирусот. 



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.