Salih Baran
18 Март 2020•Ажурирај: 19 Март 2020
ЕДРЕНЕ (АА) – Турските војници се дружат со децата на мигрантите кои со надеж чекаат дека Грција ќе ја отвори границата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мигрантите и натаму, веќе 20 дена чекаат во тампон-зоната помеѓу граничните порти Пазаркуле и Кастаниес и пошумената област во близина, со надеж дека Грција ќе ги отвори границите.

Мигрантите, кои со денови беа соочени со насилна интервенција на грчките безбедносни сили, Гувернерството на Едрене ги послужува со три оброци на ден.
Од една страна, општинските служби продолжуваат да ја чистат областа, а од друга страна безбедносните сили ден и ноќ ја чуваат безбедноста на регионот.

Турските војници пак станаа пријатели со децата мигранти и заедно со нив играат игри.
Камерите во регионот исто така снимија и емотивни моменти. Дете мигрант кое оддалеку го гледаше турскиот војник облечен во чизми и баретка на главата, по еден момент, полека се доближи до него и го гушна. Тоа предизвика емотивни моменти кај тие што го видоа настанот.