Buket Güven
18 Јуни 2020•Ажурирај: 19 Јуни 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 156.022, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 48.412 тестирања за Ковид-19, од кои 1.304 лица се позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа почина уште 21 лице како последица на оваа пандемија, а излекувани се уште 1.382 пациенти.
Во Турција се извршени вкупно 2.822.316 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 184.031 случај на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 4.882 лица.
На интензивна нега се наоѓаат 755 лица, 311 лица се на кислородна поддршка, додека вкупно се излекувани 156.022 лицa.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција.
„Бројот на откриени случаи се намали за 125 во споредба со вчера. Бројот на излекувани лица денес повторно ја надмина бројката на новоотриени случаи.Нашиот живот да го продолжиме со мерки“, напиша Коџа.