Agim Sulaj
18 Јуни 2020•Ажурирај: 19 Јуни 2020
ПРИШТИНА
Во Косово се откриени уште 83 случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на случаи со овој вирус во земјата се зголеми на 1.916, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Излекувани се уште 5 пациенти од Ковид-19, со што бкупната бројка на излекувани од овој вирус во земјата изнесува 973.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија извршени се 457 тестирања за Ковид-19, додека вкупниот број на извршени тестирања во Косово изнесува 20.206.
Бројот на починати од Ковид-19 во земјата изнесува 34.