Турција, Коронавирус

Историската Капали-чаршија се дезинфицира и се подготвува за отворање

Капали-чаршија се простира на површина од вкупно 42 илјади квадратни метри и дека патеките и улиците што се дезинфицираат денес сочинуваат 12 илјади квадратни метри од вкупната површина

Lale Bildirici  | 30.05.2020 - Обновена : 01.06.2020
Историската Капали-чаршија се дезинфицира и се подготвува за отворање

ИСТАНБУЛ (АА) - Историската Капали-чаршија, која е затворена од 23 март поради мерките преземени во борбата против новиот вид коронавирус, Ковид-19, се подготвува повторно да биде отворена на 1 јуни, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во рамките на подготовките, екипите за дезинфекција на Дирекцијата за здравство при истанбулската Општина Фатих ја дезинфицираа внатрешноста на Чаршијата со специјални раствори.

Претседателот на Управниот одбор на Капали-чаршија, Фатих Куртулмуш, за дописникот на АА изјави дека Капали-чаршија се простира на површина од вкупно 42 илјади квадратни метри и дека патеките и улиците што се дезинфицираат денес сочинуваат 12 илјади квадратни метри од вкупната површина.

„Се надевам, на 1 јуни Капали-чаршија ќе ги отвори своите врати за посетителите. Денес, екипите на Општината Фатих ги исчистија главните и споредните улици на Капали-чаршија“, нагласи Куртулмуш.

Наведувајќи дека очекуваат Капали-чаршија да каже „добре дојде“ на туризмот и економијата без да ја загуби сезоната, Куртулмуш рече:

„Прозорците ќе бидат отворени и ќе функционираат како природен клима-уред. Вентилацијата во Чаршијата ќе биде обезбедена по природен пат. Чаршијата никогаш во својата историја не била затворена толку долго време. Во 1999 година беше затворена за време на земјотресот, но траеше кратко. Од 1 јуни, Чаршијата ќе биде отворена од 10 до 16 часот.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.