Zehra Aydın Turapoğlu
26 Април 2020•Ажурирај: 26 Април 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, упатувајќи порака до Лејла, која својот болен татко од коронавирусот Ковид-19 го испрати во Турција, рече: „Нашиот авион за медицинска евакуација утрово од Шведска го зеде нашиот болен. Драга Лејла, ние излекувавме 25 илјади пациенти. Се надевам дека и господинот Емрула ќе биде излекуван“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за здравство на својот твитер-профил напиша дека авионот за медицинска евакуација со 47-годишниот Емрула Ѓулушкен, кој е позитивен на Ковид-19, а не е хоспитализиран да се лекува, заедно со неговите четири деца од Малме, Шведска, е пренесен во Турција, откако неговата ќерка побара помош преку социјалните мрежи.
Министерот Коџа, на објавата на Твитер, споделувајќи ја фотографијата на Ѓулушкен, кој во носилка се пренесува во авионот, напиша: „Една ќерка, за својот татко болен од Ковид-19 направи нешто што никој од нас не ќе може да го заборави. Нашата земја презеде активност. Нашиот авион за медицинска евакуација утрово од Шведска го зеде нашиот болен. Драга Лејла, ние излекувавме 25 илјади пациенти. Се надевам дека и господинот Емрула ќе биде излекуван.“