Nazir Aliyev Tayfur
22 Октомври 2021•Ажурирај: 23 Октомври 2021
БИШКЕК
Киргистан наскоро ќе добие испорака на турски вооружени беспилотни летало, изјави претседателот на државниот Комитет за национална безбедност, јавува Агенција Анадолија (АА).
Камчибек Ташиев за новинарите изјави дека од Турција нарачале беспилотни борбени летала „Бајрактар ТБ2“ (Тактички блок 2).
Истакнувајќи дека ограничен број земји во светот поседуваат турски вооружени беспилотни летала, Ташиев рече дека една од нив ќе биде неговата земја.
Тој истакна дека Бишкек купил и беспилотни летала „Орлан-10“ од Русија.
„Бајрактар ТБ2“ влезе во инвентарот на Турската армија во 2014 година и моментално се користи од неколку други земји, вклучувајќи ги Украина, Катар и Азербејџан.
Турција со текот на годините ефикасно ги користеше своите најсовремени беспилотни летала во прекугранични антитерористички воени операции како што се „Штитот на Еуфрат“, „Маслинова гранка“ и „Извор на мирот“ за да ги ослободи областите во близина на сириската граница од терористичките групи.
Се вели дека турските беспилотни летала одиграле клучна улога во минатогодишната шестнеделна војна меѓу Ерменија и Азербејџан.